Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Повредени 4 полицајци, 13 демонстранти приведени во немирите во Косово

Видео: Повредени 4 полицајци, 13 демонстранти приведени во немирите во Косово

Четворица полицајци се повредени, а 13 демонстранти се приведени денеска во Приштина, за време на судирите меѓу опозицијата со полицијата, соопшти косовската полиција, јави Танјуг. За време на демонстрациите, полицијата, како што се наведува, запленила торба полна „молотови коктели“, а предизвикана е значителна материјална штета.

Полицијата, меѓутоа, не го потврди пишувањето во медиумите дека еден шестгодишник, изгубил свест од последиците на вдишувањето солзавец. Во врска со тоа се огласи Советот на родители на Косово во соопштение во кое е изразена загриженост поради вклучувањето на деца и ученици во протестите и разни собирања.