Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Поради ваквите случаи гинат невини луѓе на автопат

Видео: Поради ваквите случаи гинат невини луѓе на автопат

Сведоци сме на неколку смртни случаи поради возење на автопат во обратна насока. Минатата година заврши со неколкумина тешко повредени од сообраќајка предизвикана од возење во спротивен смер. Се сеќавате и на фотографијата од автопатот Скопје Велес кога полицијата мораше да преземе и да го стопира сообраќајот за да усмери еден гостиварчанец во вистинската насока. Овој пат се работи за шлепер кој се наоѓа на погрешна страна на автопатот. Снимката ја објави порталот паника.бе и наведува дека шлеперот бил со босански регистарски таблици. Дали е „луд, збунет или нормален“, не знаеме. Но знаеме дека ги загрозува животите на сите кои се наожаат на автопатот.