Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Попови на модна ревија организирана од министер

Видео: Попови на модна ревија организирана од министер

Крушевачкиот епископ Давид и свештениците на истата епархија присуствувале на модна ревија организирана од министерот на одбрана Братислав Гашиќ, со цел да соберат пари за изградба на нова црква во рамките на воената касарна Цар Лазар во Крушевац.

Епископот Давид и свештениците од епархијата во Крушевац биле сместени во првиот ред за нивните „божји очи“ ништо да не пропуштат. Ревијата се одржала во април, а видеото од неодамна е достапно за пошироката јавност.

Целта на оваа ревија била да се соберат средства за крушевачката епархија. Свештениците изјавиле дека „сé се одвивало со благослов на епископот“. „Изразувам најголема благодарност на нашата ценета Влада и комората, кои стојат како ѕид и гарант за она што ќе следува во касарната Цар Лазар. Овде ќе никне уште едне храм кој ќе го збогати и зацврсти нашиот црковен живот“, рекол епископот Давид за Радиотелевизија Крушевац.