Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВидео: Подгответе се за вистинско лудило – Се ближи „Денот Е“

Видео: Подгответе се за вистинско лудило – Се ближи „Денот Е“

Хрватскиот бенд Елементал оваа сабота подготвува изненадување за своите фанови во Македонија. 18 март, „Вип Арена Борис Трајковски“ е местото каде што „Елементал“ ќе прослават 10 години од својот прв настап во Скопје со нивното концертно шоу „Денот Е“. После сите успешни клупски свирки, за првпат настапуваат на голем концерт во Македонија каде што ќе ги испеат сите најголеми хитови од претходните 19 години, како и песните од најновиот албум „Тјело“.
elemental
Влезниците во претпродажба може да се купат по цена од 300 денари, а потоа по 400 денари во Пола Југотон и на продажните места на Купи Карти За Се. Почетокот на концертот е закажан за 20:30 часот. Ако се уште не сте купиле карти побрзајте.

Додека се подготвувате за вистинско лудило, Ве потсетуваме на еден настап на Елементал во Скопје од 2010 година.