Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАВидео: Почина Тони Бартон – тренерот на Роки

Видео: Почина Тони Бартон – тренерот на Роки

Тони Бартон американси актер, попознат како тренерот на Роки, кој се прослави со улогите во филмскиот серијал „Роки“, почина на 78 годишна возраст од неговиот живот. Неговата сестра Лорета Кели во изјава за американските медиуми нагласи дека Тони само од еднаш паднал и починал, и за жал не можеле да му помогнат. Бартон во последните години често бил на испитувања во болница поради тоа што е жалел на болки во телото, но лекарите не утврдиле од што точно му е толку лошо.

Бартон, поради здравствените проблеми не се појавил ниту на премиерата на филмот „Creed“, кој претставува продолжение од серијалот за Роки и оваа година е номиниран за Оскар. Тони Бартон е еден од четворицата актери кои ја играа улогата во сите четири претходни филма за Роки, а го толуваше ликот на неговиот тренер Дјук, кој постојано го бодреше и му ја даваше најголемата поддршка. Останува само да се сеќаваме на овој прекрасен човек, кој имаше доста успешна и добра актерска кариера.