HomeДЕНЕШНАСветВидео: Победата на Трамп е победа на Путин?

Видео: Победата на Трамп е победа на Путин?

tramp-putin

Цел свет реагираше на веста дека скандалозниот Трамп е новиот претседател на САД. Поголем дел од светските лидери негативно ја доживеаја веста и јавно го изразија своето незадоволство, но и својот страв поради непредвидливата природа на новопечениот политичар. Но има и такви кои го поздравија. Премиерката на Британија, Тереза Меј напиша дека едвај чека да соработува со Трамп, додека пак во Русија целиот политички врв слави по пребројувањето на американските гласови.

Известувачот од Москва за ABC NEWS дури и рече дека победата на Трамп е победа на Путин. Исто така, рече дека Путин е еден од првите кои му ја честитаа победата. Путин во јавно обраќање рекол дека се радува на комплетното ресторирање на руско американските односи. Она што е интересно е и дека парламентарците во Руската Дума (долниот дом на парламентот) почнале гласно да аплаудираат кога ја слушнале веста дека Хилари Клинтон е поразена.

Инаку, во текот на кампањата во медиумите се проширија разни шпекулации за руската вмешаност во американските избори. Москва ги демантираше таквите тврдења.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com