Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Пензионери херои – спречиле грабеж во продавница

Видео: Пензионери херои – спречиле грабеж во продавница

Двајца пензионери спречиле грабеж во една продавница во Велика Британија, а сето тоа го снимила безбедносната камера, пренесува агенцијата „Анадолу“. Крадецот, кој сериозно се исплашил откако сфатил дека не може да излезе од продавницата, бил сопрен од Рон Смит (78) и Роберт Андерсон (72) кои со заеднички сили ја блокирале вратата на продавницата за криминалецот да не може да побегне.

Крадецот, 19 годишниот Лиам Редфорд, набргу потоа е уапсен од локалната полиција. Од полицијата во Салфорд во Велика Британија, им се заблагодарија на пензионерите, кои во моментот додека се одвивал грабежот, случајно поминувале покрај продавницата.