HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ: Ќе го сопреме масовното иселување на младите

(Видео) Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ: Ќе го сопреме масовното иселување на младите

bogoev-tufegjik

Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ кои од граѓанските протести добија шанса да се кандидараат за пратеници преку политичката платформа на СДСМ денес презентираа повеќе мерки кои треба да ги задржат младите луѓе во Македонија со што ќе се намали масовното иселување.

„Владеењето на ДПМНЕ и ДУИ резултираше со тоа Република Македонија да биде рекордер во Европа по стапката на младинска невработеност, со огромни 54 % невработени млади и со десетици ако не и стотици илјади иселени млади. Видете, причината за иселувањето на Македонија, не е невозвратената љубов, причината е беспреспективноста, ниските плати, високата невработеност и енормната криминализација и партизација на секој дел од нашето општество. Пазарот на трудот и јавната администрација се користат само како срества за постигнување и одржување на политичка моќ, изјави Павле Богоевски од коалицијата предводена од СДСМ.

Ивана Туфегџиќ, најмладата кандидатка за пратеник на овие избори најави неколку мерки кои на младите ќе им овозможат да стекнат финансиска независност.

„Поради причините кој ги наведе Павле, коалицијата за живот во Македонијa има план, план кој предвидува отварање на фирма со само едно евро основачки капитал, 10 илјади евра неповратни средства за бизнис идеи на младите луѓе и поддршка од бизнис центрите, кој ќе бидат отворени по поголемите општини, поддршка која што ќе нуди правна, сметководствена, архивска и сета помош која што им е потребна на младите кој отпочнуваат сами свој бизнис. Нашата цел е младите да бидат сами свои газди, нашата цел е младите да останат да живеат и да работат во Република Македонија“, рече Ивана Туфегџиќ, кандидат за пратеник од СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com