Thursday, Apr 18, 2024
HomeUncategorized(Видео) Паника на УС Опен, дрон се урна на трибините

(Видео) Паника на УС Опен, дрон се урна на трибините

Дрон се урна на трибините во Њујорк каде што деновиве се одржуваат тениските натпревари од УС Опен. Инцидентот се случи за време на натпреварот помеѓу Флавија Пенета и Моника Никулеску, а на местото од трибините каде што падна дронот немаше гледачи.

„Помислив дека е бомба, со оглед на се она што се случува во светот“ – изјави Пенета по завршувањето на мечот во кој триумфираше со 6-1, 6-4.

Мечот беше во прекин додека полицијата го проверуваше дронот. Портпаролот на американската тениска асоцијација изјави дека е забрането управување на дронови за време на тениските натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=4oII7XOicv0