Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВидео од вчерашното апсење на осомничени за шферц на марихуана

Видео од вчерашното апсење на осомничени за шферц на марихуана

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека вчера при вршење на проверка на возило на крстосницата од регионалниот пат Гостивар-Дебар со магистралниот пат Гостивар пронајдени се околу 2 килограми на марихуана. Возилото со тетовски регистарски таблички било управувано од И.Б.(28) од с.Долно Палчиште, тетовско, додека пак како сопатник во возилото бил А.Ј.(29) од с.Голема Речица, тетовско.
На лицата од судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Министерството за внатрешни работи го објави и видеото од претресот и пронаоѓањето на марихуаната.