HomeДЕНЕШНАРегионВидео од полициската акција на БиХ и Франција за трговија со луѓе

Видео од полициската акција на БиХ и Франција за трговија со луѓе

Во координирана акција на полициите на Босна и Херцеговина и на Франција се уапсени 15 лица поради илегална трговија со луѓе и злоупотребување млади жени и деца. Во БиХ се уапсени седум лица, а во Франција осуммина, пренесува Фена.

Операцијата е спроведена во реонот на босанските градови Зеница, Власеница, Приједор и Јајце. Уапсените се осомничени за илегална трговија со луѓе и за нивно експлоатирање. Властите на БиХ оценуваат дека од 2012 година осомничените врбувале многу жени кои во Франција краделе. Тие врбувале и деца и незаконски се стекнале со повеќе од два милиона евра. Приведените се осомничени и за перење пари, фалсификување документи, илегална трговија со луѓе и злоупотреба на наркотици.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com