Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Обама се фати за микрофон и запеа на прославата по повод 4-ти јули

(Видео) Обама се фати за микрофон и запеа на прославата по повод 4-ти јули

Американскиот претседател, Барак Обама (54), вчера ги изненадил гостите во Белата куќа кога на својата ќерка Малија (18) ѝ ја запеал песната „Среќен роденден“.

Постарата ќерка на Обама е родена на големиот американски празник, Денот на независноста, а нејзиниот татко сакал да ја израдува.

Барак и Мишел сакале да организираат забава по повод 4-ти јули во дворот, но ја преместиле забавата во куќата поради дождот.

-„Бидејќи на секој родител задача му е и да ги посрамотува своите ќерки, имам да извршам една последна таква обврска“, изјави Обама и почна да пее додека публиката му аплаудираше.

Малија оваа година заврши средно училиште и ќе тргне по стапките на својот татко бидејќи ќе се запише на Универзитетот Харвард, но следната година.

На забавата по повод празникот и 18-от роденден на Малија присуствуваа бројни семејства на војници, како и воени херои.

– Важно е луѓето да се потсетат колку е чудесна Америка. Треба да ја славиме својата слобода и да правиме сè за да им оддадеме почест на оние кои заслужиле и се жртвувале за оваа земја и нејзината слобода – изјавил Обама.