Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Нуклеарна подморница на Британија се судри со трговски брод кај Гибралтар

Видео: Нуклеарна подморница на Британија се судри со трговски брод кај Гибралтар

Една од најновите британски подморници од класата „астут“ со база на Гибралтар имала „помал судир“ со трговски брод, соопшти британската Кралска морнарица, истакнувајќи дека немало „апсолутно никакви оштетувања“ на нуклеарниот реактор на „ХМС Ембуш“.

Инцидентот се случил вчера во 1:30 часот по локално време, додека „ХМС Ембус“ била под вода изведувала вежби во близина на Гибралтар, се вели во соопштението. Подморницата имала само „мала надворешна штета“ и никој не бил повреден во инцидентот, но военото пловило морало да се врати во базата. „Нема безбедносни проблеми со подморницата“, се истакнува во официјалното соопштение. Во тек е истрага за инцидентот.

Подморницата имала само „мала надворешна штета“ и никој не бил повреден во инцидентот, но военото пловило морало да се врати во базата. „Нема безбедносни проблеми со подморницата“, се истакнува во официјалното соопштение. Во тек е истрага за инцидентот. Гибралтар е мала енклава на јужниот дел од Шпанија која е британска територија од 1713 година. Територијата е причина за тензии меѓу Шпанија и Британија, а Мадрид сака да ја врати под своја контрола.