Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Новиот хрватски премиер се посрамоти на првото свое обраќање до јавноста

Видео: Новиот хрватски премиер се посрамоти на првото свое обраќање до јавноста

Новопечениот хрватски премиер, Тихомир Орешковиќ, стана вистински хит и тоа на првото свое обраќање до јавноста. Кога Колинда Китаровиќ Грабар му го довери мандатот, тој покажа голема трема која не можеше да ја сокрие, но покажа и дека не го знае доволно хрватскиот јазик. Тој кажа само две реченици, но изгледа граѓаните или градбите не го разбраа баш најдобро. Тој поголем дел од животот го поминал во Канада, сепак од него се очекуваше да го знае јазикот на државата на која станува премиер.

– Овде сме да им служиме на хрватските градби – рече Тихомир Орешковиќ во првото обраќање, а мислеше на граѓани.

Кога видеото се најде на Јутуб, веднаш почнаа коментарите за неговото непознавање на хрватскиот јазик, а дел од нив се и навистина урнебесни.
– Овој зборува како Google translate
– Хрватските градби ова нема да го толерираат
– Ликов не знае хрватски, Карамарко не знае англиски. Како ли се договориле?

Секако не изостанаа ниту шегите од соседите кои преку сатира ја опишуваат балканската политика
– Комшии, ми се чини дека ви подметнале Словенец
– У, па вие сте полуди и од нас Србите
– Јавно принзнавам дека сте подобри, ова ниту Срби не би го одбрале