Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Новинарите на Вест излегоа на протест против најавените отпуштања

Видео: Новинарите на Вест излегоа на протест против најавените отпуштања

Вработените во дневниот весник „Вест“ денеска мирно протестираа пред канцелариите на МПМ против најавите на компанијата за отпуштање на десетици вработени и намалување на платите од 10 до 20 проценти.
vest1
Вработените облечени во маички на кои беше испишан слоганот „Македонија вработува, се бориме за секое работно место“- слоган кој е дел од новата владина кампања, иронично се обидоа да ја пренесат пораката до менаџментот и сопствениците на компанијата. Нивните колеги од „Утрински весник“ и „Дневник“ не излегоа на протестот иако и тие се еднакво засегнати од планираните мерки, со исклучок на новинарката Јорданка Ивановска од „Дневник“ која дојде да изрази поддршка. Протестот се одржуваше на паркингот кај трговскиот центар „Зебра“, односно точно под прозорецот на канцеларијата на претседателот на извршниот одбор на МПМ, Срѓан Керим.

извор:НоваТв