HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: „Ние одлучуваме“ побараа промени во Прилеп

Видео: „Ние одлучуваме“ побараа промени во Прилеп

nie-odlucuvame-1

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ вчера со перформанс во центарот на Прилеп. Над дваесетина активисти разговараа со граѓаните на Прилеп за клучните теми и проблеми со кои се оптеретени граѓаните на Прилеп и на Македонија.

„Прилепчани бараат подобро здравство, посочувајќи го Прилеп како еден од градовите со голема смртност на родилки и недостиг на лекарски кадар и адекватна опрема во сите здравствени установи. Иселувањето на младите како директен резултат на сиромаштијата и безработицата кои што владеат во Прилеп, се клучните проблеми за кои прилепчани бараат промени.
nie-odlucuvame
Граѓанската акција Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право“, велат од граѓанската акција „Ние одлучуваме!“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com