Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Невреме во Словенија – Силен град и поплавени улици

Видео: Невреме во Словенија – Силен град и поплавени улици

Големо невреме проследено со град ги зафати денеска попладне северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта, според метеоролошките прогнози, ќе се прошири и низ поголемиот дел од земјата. Словенечката Државна управа за заштита и спасување јави за поплави, одрони на земјиште и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор покрај поројниот дожд паѓал и град.

Метеоролозите најавуваат дека во текот на ноќта Словенија повторно ќе биде зафатена од локална бура со поројни дождови, силни ветрови, а во некои места и град. Невремето веројатно ќе ги зафати и останатите делови од земјата во правец на југоисток.

Иако засега невремето се уште не се проширило кон Хрватска, анимацијата на радарските слики и врнежите на хрватскиот Хидрометеоролошки завод покажува дека бурата во вечерните часови се приближила и кон западните и северозападните делови од внатрешноста на Хрватска. Метеоаларм објави жолто предупредување поради можна бура во Меѓумурје.