Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаул(Видео) Неверојатен автогол на младите Англичани!

(Видео) Неверојатен автогол на младите Англичани!

Националниот тим на Англија до 20 години веројатно се чувствува прилично добро по отворањето на Светското првенство и победата со 3-0 над Аргентина во Јужна Кореја, но Гордиот Албион се спушти на земја по вчерашниот резултат.

Голот во второто полувреме на Фикаио Томоро од средината на теренот и дозволи на Гвинеја да го изедначи резултатот на 1-1 и со тоа да ги доведе Англичаните во незавидна ситуација. Под мал притисок, 19-годишниот Англичанец роден во Канада (производ на академија Челзи), ја почасти репрезентацијата на Гвинеја со автогол со што го изненади својот голман кој не очекуваше дека може од средината на теренот Томоро да му ја врати топката.