HomeАНТИСТРЕСПатувањеВидео: Неверојатно возење низ тунелот ископан со „голи раце“

Видео: Неверојатно возење низ тунелот ископан со „голи раце“

Неверојатни снимки од дрон го покажуваат возењето низ тунелот во спектакуларните падини на планината Тајханг во Кина. На снимката се гледа тунелот Гуолијанг што 13 локални жители од истоименото село без помош на механизација го пробиле низ карпите.

Тунелот е долг 1.250 метри, а сместен е блиску до врвот на карпата висока 1.700 метри. Во текот на изградбата овие жители потрошиле 12 тони бургии и 4.000 чекани, а еден од нив починал во текот на работата. Во најтешката фаза, напредокот на изградбата се движела со еден метар на три дена.

Пред да почне градбата во 1972 година, единствениот начин по кој локалните жители се поврзувале со светот било преку 720 камени скали. Во селото живеат 83 семјства, а од неодамна поради интересниот пат и неверојатните глетки стана туристичка атракција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com