Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВидео: Непознат човек за време на вклучување во живо со пиштол во рака на РТВ

Видео: Непознат човек за време на вклучување во живо со пиштол во рака на РТВ

Утрово непознат маж со пиштол во рака и пришол на екипата на Радио-телевизија Војводина и се заканил додека имало вклучување во живо за време на утринската програма.

Личноста се појавила со ладно оружје-пиштол пред камерата, којa предизвикалa страв кај новинарката која во тој момент ја презентирала временската прогноза, но набргу мажот побегнал. Со тоа самиот медиум наведува дека овој несакан инцидент е уште едно предупредување за тоа дека безбедноста на новинарите треба и мора да биде на повисоко ниво. Инаку, самиот медиум веднаш го пријави случајот во полиција.