Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Нема седница без солзавец во косовскиот парламент

Видео: Нема седница без солзавец во косовскиот парламент

Пратеникот од опозицијата Дритон Кауши вчера во косовскиот парламент активираше солзавец, обидувајќи се да го спречи усвојувањето на документот за разграничување со Црна Гора. Кауши, инаку член на Самоопределување, со солзавец ја прекина седницата на Комисијата за надворешни работи, но нацрт документот беше усвоен. На дневен ред на косовскиот парламент треба да се најде во утре.

Косовската влада нацрт законот за демаркација го прифати минатата недела и покрај упорните протести на опозицијата која тврди дека со тоа Косово ќе загуби осум илјади хектари територија. Кауши беше уапсен, а неговите колеги од Самоопределување најавија дека ќе продолжат да ја блокираат демаркацијата.