Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосВидео: Научниците воодушевени од азотните глечерите на Плутон

Видео: Научниците воодушевени од азотните глечерите на Плутон

Научниците повторно воодушевени од Плутон. Новата серија фотографии објавени од мисијата Њу хорајзонс на НАСА откриваат неверојатна маглива атмосфера над оваа џуџе-планета, како и течен мраз на нејзината површина – исто како глечерите на Земјата.

Новата серија фотографии со висока резолуција од површината на планетата откриваат мраз составен од азот, јаглерод диоксид и метан, кој тече на Спутниковата рамнина, на западната хемисфера на Томбо-регионот на Плутон.

„Со течниот мраз, егзотичната површинска хемија, планинските венци и огромната магла, Плутон има разновидна планетарна геологија, што е навистина возбудливо“, изјави Џон Грансфелд, соработник на Дирекцијата за научни мисии на НАСА.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/0AbiygSo478″ frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

Според научните процени, вртежните модели на светлина и темнина, кои се гледаат на новите фотографии прикажани во петокот, веројатно се многу слични на глечерите, кога овие набљудувања би се вршеле на Земјата. Клучната разлика е во тоа што глечерите на Земјата се состојат од замрзната вода, а оние на Плутон се составени од замрзнат азот.

„Водениот мраз на температурите на Плутон не се движи. Тој е неподвижен и кршлив“, рече коистражувачот на Њу хорајзонс Бил Меккинон од универзитетот Вашингтон во Сент Луис. „Оној вид мраз за кој ние мислиме дека ја сочинува планетата (Плутон) – азотен мраз, јаглеродмоноксиден мраз, мраз од метан – овие мразеви се меки и податливи дури и во условите на Плутон, и се движат на истиот начин на кој тоа го прават глечерите на Земјата.“

Некои од кратерите на Плутон дури се претвориле во замрзнати „езерца“ од азотен мраз, кога се појавиле глечерите, додаде Меккинон. Во анализата на снимките направени за време на прелетот на Њу хорајзонс на 14 јули, тимот од НАСА шпекулира дека течниот азот дури може да тече и под длабок слој мраз.

Според Меккинон, формирањето на рамнините и на тековите мраз на површината веројатно било предизвикано од „топлината што избила од внатрешноста на Плутон“, каде што можеби има внатрешен океан, кој можеби зрачи топлина.

pl1

 

Леталото Њу хорајзонс успеало да ја фотографира маглата што се протега на најмалку 160 километри над површината. Атмосферата на Плутон со сончевата светлина во заднината била фотографирана кога леталото било на оддалеченост од 2 милиони километри.

„Маглите што се гледаат на оваа слика се клучен елемент во создавањето на комплексните јагленоводородни соединенија што на површината на Плутон ѝ ја даваат оваа црвеникава боја“, вели Мајкл Самерс, коистражувач на Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфекс, Вирџинија.

„Ова е нашето прво ѕирнување во климата во атмосферата на Плутон… маглата е голема, таа се протега најмалку сто и шеесет километри над површината. Тоа е големо изненадување, тоа е пет пати повеќе отколку што предвидоа нашите модели.“

pl2

„Тоа навистина е мистерија“, додава Самерс, зашто пред експедицијата на НАСА научниците сметаа дека температурата околу Плутон ќе биде премногу висока за маглите да се набљудуваат од далечина поголема од 30 км.

„Ќе ни требаат некои нови идеи за да откриеме што се случува“, рече Самерс, додавајќи дека фактот што новите фотографии ги побиваат старите постојни модели „речиси ги насолзи очите на атмосферските научници“.

Движејќи се со брзина од 30.800 километри на час, на 14 јули Њу хорајзонс пролета покрај Плутон на растојание од 12.472 км – поблиску од кое било вселенско летало досега. На Њу хорајзонс му беа потребни 3.463 дена и 4,77 милијарди километри за да стигне до својата дестинација, за таа цел леталото патувало девет години. Потребна е една година за леталото да ги испрати фотографиите до земјата.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/dWr29KIs2Ns” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>