HomeГИГА БАЈТХај текВидео: НАТО има од што да се плаши? Кина го претстави воздушниот „невидлив змеј“

Видео: НАТО има од што да се плаши? Кина го претстави воздушниот „невидлив змеј“

kina-avion-nevidliv-zmej-stelt

Кина денес го претстави новиот борбен “стелт” авион на авио-митингот во Џухај, на југот на земјата. Прелетот на два “J-20” авиони, кои се сметаат за симбол на настојувањето на Пекинг да ги модернизира своите воени капацитети, траел 60 секунди. Авионите направиле голема бука која ги активирала автомобилските аларми, но била поздравена со аплауз.

Произведувач на “J-20” е кинескиот аеронаутички конструктор “Ченгду”. Аналитичарите сметаат дека е прерано да се каже до која мера новиот кинески борбен авион може да му парира на американскиот “F-22 Raptor” во директен воздушен дуел.

Аеро-митингот бил одржан во рамките на саемот во Џухај, најголем досега, на кој ќе бидат претставени и антиракетни системи, беспилотни летала и блиндирани возила од домашно производство. Неофицијални снимки од “J-20” се појавиле уште во 2010 година, а експертите наведуваат дека Кина од тогаш се занимавала со преправки во дизајнот со надеж дека ќе го надомести заостанувањето зад војската на САД.

Кинескиот претседател, Си Џинпинг се заложува за засилување на вооружените сили, со оглед на тоа што Кина сака да има што поголемо влијание во регионот, посебно во областа на Јужното и Источното кинеско море. Засега не е познато дали и кога западните медиуми ќе добијат пристап до новиот авион и ќе се запознаат со неговите борбени карактеристики.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com