Saturday, Apr 20, 2024
HomeUncategorizedВидео: Насилниците го влечат Села низ Собрание мислејќи дека е мртов – нова снимка од крвавиот четврток

Видео: Насилниците го влечат Села низ Собрание мислејќи дека е мртов – нова снимка од крвавиот четврток

Вчера во Куманово е приведен Тони Трајковски, еден од осомничените за претепувањето на пратеникот Зијадин Села. Информацијата ја објавија повеќе медиуми на албански јазик, повикувајќи се на извори од СВР Куманово. МВР се уште официјално не ја потврдува информацијата.

Од видео снимката е идентификуван Кире Ѓорѓиевски, кој заедно со уште три лица го влечат Села низ собраниските ходници и изговараат вулгарни зборови, а еден од толпата довикува: „Каде е Заев, Заев ни треба, не овој“.

Според пишувањето на „Тетова Сот“, Ѓорѓиевски од Скопје е поранешен член на македонските воени сили за време на војната во 2001 година, а сега вработен во ЕЛЕМ Македонија. Како што тврди порталот, тој бил близок соработник на поранешниот премиер Никола Груевски и близок соработник на директорот на Државниот архив, Филип Петровски.