Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦВидео: Најлесен начин на чистење на тастатурата

Видео: Најлесен начин на чистење на тастатурата

 

Сите знаеме колку е тешко да си ја исчистиме тастатурата на нашиот компјутер. Чистењето на тастатурата може да биде тешка задача особено ако служи и како маса за јадење и пепелник за цигарите. Погледнете го рецептот на Cnet за леплива смеса која ќе ги исчисти сите трошки и нечистотии од тастатурата. Навистина интересно, уверете се и сами.

Што ви е потребно:
– 1/4 чаша сода бикарбона со 1 чаша вода, потоа ставете 1/2 чаша вода во сад со 150 милилитри течен лепак и 5 капки боја. Потоа со мешавината се додава течноста со сода и бикарбона. Сето тоа треба да се меша додека не се соедини и не стане суво. Добиената смеса треба рамномерно да ја распределите низ тастатурата и насобраните нечистотии и валканости ќе исчезнат за секонуда. Можеби е малку лигаво, но секако е многу ефикасно, вреди да се проба.