Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Најголемите неуспеси на ЦИА

Видео: Најголемите неуспеси на ЦИА

Централната разузнавачка агенција на САД важи за една од најмоќните служби во светот која има контрола во бројни политички, економски, воени и безбедносни процеси, но некогаш и агентите кои се перфектно обучени прават огромни грешки.

Seeker Daily прави анализа на најголемите неуспеси на ЦИА низ историјата, од пропаднатите десетици атентати врз Фидел Кастро кој се уште е влијателен во Куба, па се до неуспешната војна во Заливот на свињите во 50-тите години на минатиот век. Тогаш агентите на ЦИА активно учествуваа во обука на кубански дисиденти кои требаше да започнат граѓанска војна во Куба и да го урнат режимот на Кастро, но беа крваво поразени, а тоа скапо го чинеше и тогашниот претседател Кенеди.

Меѓу големите гревови на ЦИА се вбројуваат и експериментите врз воен и цивилен персонал преку проектот за „контрола на умот“ со дрогирање на испитаниците со ЛЦД на многу нехуман и неетички начин.

Врвот на неспособноста на ЦИА за спроведување на ефикасни тактики е во модерната борба со тероризмот преку мачење и тортура на затвореници што не дало никакви резултати за откривање на можни терористички напади. Наместо тоа се создаде затворот Гвантанамо иронично на кубанска окупирана територија како најголем срам за ЦИА и американската политика пред светот.