HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосВидео: Најголемиот вселенски телескоп е готов, научниците пред големи откритија

Видео: Најголемиот вселенски телескоп е готов, научниците пред големи откритија

dzejms-veb

Телескопот Џејмс Веб конечно е целосно завршен, па ја презема титулата најголем телескоп било кога направен. Кога ќе биде лансиран во вселената во октомври 2018 година, ќе се стационира на околу 1.5 милиони километри од Земјата. Во моментот најмоќниот телескоп е Хабл кој е во орбитата на Земјата, а е лансиран во 1990 година. Благодарение на него се пронајдени многу откритија.

Дијаметарот на хабл е 2,4 метри, а површината му изнесува 4,5 квадратни метри. Во споредба со него Џејмс Веб изгледа огромно, со дијаметар од 6,5 метри и површина од 25 квадратни метри. Благодарение на тоа, телескопот што го изработија НАСА, ЕСА и канадската вселенска агенција може да „гледа“ многу подлабоко во вселената.
dzejms-veb-1
Со помош на Џејмс Веб ќе може да се дознаат работи за настанокот на ѕвездите и првите галаксии пред 13,5 милијарди години што може да ни помогне подобро да ја разбереме вселената. Конструкцијата на Џејмс Веб почна уште во 1996 година, а сега беше комплетиран во Годард центарот на НАСА.

Пред да биде лансиран, ќе мора да помине серија тестови за да се провери издржливоста при лансирањето, како и за да се тестира на ниските тмеператури кои постојат во вселената. Европската ракета Ariane 5 ќе го постави во вселената, а целиот проект ќе чини околу 9 милијарди евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com