Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенис(Видео) Надал елиминиран од УС Опен

(Видео) Надал елиминиран од УС Опен

Рафаел Надал игра далеку под своето ниво во текот на целата натпреварувачка сезона, а таквиот тренд го продолжи и на УС Опен каде утрово доживеа рана елиминација во третото коло од Фабио Фоњини. Италијанскиот тенисер, кој во претходната година во неколку наврати се покажа како незгоден ривал за Шпанецот, одново го елиминираше Надал, откако успеа да се врати од негатива од 0:2 во сиутација кога сите веќе му ја препишаа победата на Надал.

Надал ги доби првите два сета со 6:3 и 6:4, но во продолжение му дозволи на противникот да ја контролира играта и комплетно да се врати во игра добивајќи ги следните три сета со 6:4, 6:3, 6:4 за пласман во осминафиналето.

Фоњини во наредната рунда ќе игра против уште еден Шпанец, Фелисијано Лопез, кој лесно, во три сета, славеше над Милош Раониќ.

Ова за Надал беше првпат да не победи на натпревар кога имал водство од 2:0 над противникот.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Xwn5wPBAy2s