Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнВидео: На 30.000 квадратни метри, Виена го доби најголемиот графит во светот

Видео: На 30.000 квадратни метри, Виена го доби најголемиот графит во светот

Големото црно-бело лице, кое деновите се појави во третиот виенски округ, на површина од 30.000 квадратни метри, е најголемиот графит во светот. Сликата покрива површина од шест фудбалски терени, а само во првите неколку недели од создавањето австрискиот уметник Голиф минал повеќе од 120 километри. Графитот наречен „Набљудувач“ во следните три до четири години ќе биде сместен во виенскиот кварт Неу Марџ.

Во текот на создавањето на графитот, како дел од уметнички процес, настана и видео снимка на која се прикажани тактиките со чија помош австрискиот уличен уметник ја совладал огромната површина која ја сликал. Овој огромен графит заради својата големина може да се види само со помош на фотоапарат, камера или од авион, а многумина забележале дека е тоа всушност џин кој го отелотворува идентитетот на градот.