Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео): Музикалниот бездомник кој го освои светот

(Видео): Музикалниот бездомник кој го освои светот

Запознајте го Доналд Гулд, 51-годишниот бездомник од Сарасота. Тешкотиите во неговиот живот започнале во 1998 година кога починала неговата сопруга. По тој настан, започнал со консумирање дрога. Последицата била фатална – социјалните служби му го одзеле синот, а потоа ја загубил и куќата.

Неговиот сон да работи како професор по музика никогаш не се оствариле затоа што Доналд не успеал да ги заврши студиите. Така, момците кои го сретнале овој несреќен човек и го снимиле видеото на кое свири на пијано, направиле Интернет страница на која се овозможени донации.

„Само сакам да ги правам луѓето среќни и разиграни. Полн сум со надеж дека ќе добијам поддршка од публиката бидејќи немам покрив над главата“, изјави талентираниот музичар кој ги освои срцата ширум светот.