Friday, Mar 24, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВидео: МПМ ги намали платите, новинарите протестираат

Видео: МПМ ги намали платите, новинарите протестираат

Менаџментот на компанијата МПМ која ги издава трите весници, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински“, денеска ги известил новинарите и другите вработени дека скалесто се намалуваат платите на вработените поради, како што велат, влошената економска состојба во државава, извести Самостојниот синдикат на новинарите.

Станува збор за времено скалесто намалување на платите во период од шест месеци. Денеска менаџментот на МПМ на огласната табла објавил списоци со намалени плати од 10 до 30 проценти. Вработените во овие три весници, како и тие во „Теа модерна“ и „Македонски спорт“, денеска излегоа на протест пред дирекцијата на компанијата заедно со Синдикатот на новинарите.

Новинарите кои денеска протестираа изјавија дека секој ден во 12 часот мирно ќе протестираат пред компанијата.

– Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека одлуката ќе има негативен ефект врз квалитетот и слободата на изразување, дека кај колегите ќе делува демотивирачки а ќе ја зголеми и нивната социјално-економска ранливост. Воедно информираме дека ССНМ во текот на носењето на одлуките од страна на менаџментот на компанијата беше игнориран и само формално беше информиран за веќе донесените решенија. Информираме и дека досега ССНМ заедно со синдикалните организации во МПМ понудија решенија за надминување на финансиската криза на која посочува раководството на компанијата но тие беа целосно игнорирани – изјавија денеска од ССНМ.

видео:А1он