Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Мостар се сеќава на рушењето на симболот на градот

Видео: Мостар се сеќава на рушењето на симболот на градот

На денешен ден, пред 22 години беше срушено главното обележје на Мостар. Мостот на Неретва два дена беше гранатиран со тенковски проектили на хрватската војска, а на денешен ден целосно се распадна. Во точно 10:16 минути се сруши ремек делото на турскиот архитект Мимар Хајрудин.
mostarОвој импресивен и познат мост бил изграден во периодот меѓу 1557-та и 1566-та година. Обновата на Стариот мост траела седум години, додека неговата градба чинела 13,5 милиони долари. После реконструкцијата во 2004 година, Стариот мост беше прогласен за дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Сега Мостар повторно се гордее со симболот на својот град кој се уште сведочи за крвавата историја на овие простори.