Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Молотови коктели „летаа“ во Атина, државата блокирана

Видео: Молотови коктели „летаа“ во Атина, државата блокирана

Грчката полиција и група млади лица се судрија денеска во Атина за време на протестот против реформите во пензискиот систем, но засега нема информации за уапсени или повредени.

Според тамошните медиуми, група млади лица почнале да фрлаат молотови коктели и камења врз полицајците. На протестот во центарот на Атина се собрале неколку десетици илјади луѓе. Вработените низ Грција ја прекина работата во знак на протест поради реформите на пензискиот систем, а поради масовниот штрајк откажани се повеќе летови, запрен е поморскиот сообраќај, јавниот превоз, училиштата се затворени, а во судовите, аптеките и државните болници работи само дежурен персонал.