Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Молотови коктели и солзавци на протестите во Приштина

Видео: Молотови коктели и солзавци на протестите во Приштина

Косовската опозиција повторно излезе на протест. Демонстрантите бараат поништување на Бриселскиот договор што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини и договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
kosovo3novПротестантите се собраа пред зградата на Филолошкиот факултет во Приштина и се упатија кон центарот на градот кон Парламентот и Владата. Демонстрантите се судрија со полицијата. Тие употребиле камења, тврди предмети, молотови коктели, на што било возвратено со солзавец и со шок- бомби.

Во градот, распоредени се голем број на полицајци и блокирани се улици. Засилено присуство на полицијата е регистрирано и на магистралните патишта од Косовска Митровица, Гњилане, како и на другите патишта кои водат кон Приштина.
kosovo1nov