Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВидео: Мицов побегна од АлсатМ – му се обраќале на „странски“ јазик

Видео: Мицов побегна од АлсатМ – му се обраќале на „странски“ јазик

Изгледа во Македонија стана пракса гостите да си заминуваат среде интервју или дебата. Последно, тоа се случи на емисијата „Патот кон…“. Политикологот Стефан Влахов-Мицов, кој гостуваше на дебатна емисија во телевизијата „АлсатМ“, беше испровоциран од јазикот на кој водителката поставуваше прашања, по што ја напушти емисијата.

– Се наоѓаме во Република Македонија, сакам да ми се зборува на официјалниот јазик во Република Македонија. Станува збор за почит, тука има двајца претставници Македонци, а нив треба да им се зборува на македонски јазик.

Ќе имаме проблем со комуникацијата од тој аспект – рече Мицов на почетокот од гостувањето во дебатната емисија. Водителката одби да му се обрати на македонски јазик, а распарвијата кулминираше кога се вмеша и Ермира Мехмети во нејзина одбрана. Секако, АлсатМ имаше обезбедено симултан превод, но изгледа Мицов сепак имаше проблеми да разбере.

Расправиите почнуваат од 10.42 минути.