HomeДЕНЕШНАПолитикаВИДЕО: Министерката Фросина Ременски обелодени недоследности во работењето на нејзиниот претходник!

ВИДЕО: Министерката Фросина Ременски обелодени недоследности во работењето на нејзиниот претходник!

По нападите упатени од Кабинетот на Диме Спасов, инаку дополнителен заменик министер, кон министерката Фросина Ременски, а по вонредениот испекциски надзор на сите центри за социјална работа низ републикава, инспекторите утврдиле голем број на пропусти во работењето на овие подрачни установи. На граѓаните не им биле одговарани претставките во законскиот рок од 60 дена за остварување на правото на социјалната заштита, соопшти министерката Ременски.

-Добиените извештаи од непосредните увиди во семејствата не ја опишуваат вистинската состојба, што отвара можност за злоупотреби при остварувањето на овие права. Дополнително за дел од предметите не бил изготвен наод и мислење на стручен работник што е спротивно на сите процедури, посочи Министерката.

За само една година бројот на домаќинства, приматели на социјална парична помош се намалил за над 6,600, што значи дека над 26,400 лица останале без егзистенција поради лошите политики на претходното раководство, обелодени Ременски.
Дополнително, не било решавано за над 1000 предмети кои биле поднесени годинава, а претходниот министер за труд и социјална политика спротивно од законските надлежности не донел решение по жалбите, а кршејќи го законот, истите ги пренел на службеник примен на пробна работа во министерството, кој нема надлежност да одлучува и решава по барање на граѓаните во управна постапка – заокружи Ременски

Овој службеник селективно решавал за судбината на овие семејства. Пристапивме кон ревидирање на подзаконските акти на Законот за социјална заштита, што го уредува начинот на добивање и губење на социјална парична помош, со цел олеснување на пристапот до социјална парична помош на граѓаните на РМ.

Со цел овие состојби да бидат констатирани од надлежен инспекциски орган, на 18 ноември поднесов барање за постапување до државниот управен инспекторат и очекувам тој да постапи со истата експедитивност како што постапи по анонимна претставка на граѓани по дезинформациите во медиумите.

Ќе ги искористиме законски можности и постапки за утврдување на одговорност за непостапувањето по жалби и постапување спротивно на овластувањата.

Фросина Ременски дојде на функцијата министер за труд и социјална политика пред безмалку еден месец, како резултат на пржинскиот договор. Од стапувањето на фукцијата министерката неколку пати беше тема на напади од Кабинетот на Спасов, кој од министер, со договорот од Пржино, сега е дополнителен заменик министер. Целта на доаѓањето на Ременски е да се обезбеди нормално фукнционирање на институцијата, да се избегнат неправилности и уцени со социјалната помош во пресрет на изборите следната година, стои во договорот од Пржино.


Н.С

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com