Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Мигранти се обиделе да се обесат на атинскиот плоштад

Видео: Мигранти се обиделе да се обесат на атинскиот плоштад

Двајца бегалци вчера се обиделе да се обесат на централниот плоштад во грчката престолнина Атина, соопшти РИА „Новости”. “На плоштадот” Викторија “беше извршен обид за самоубиство. Веројатно на тој начин мажите сакале да го изразат својот протест против неможноста да ја напуштат Грција”, изјави претставник на локалната полиција.

Се претпоставува дека мажите се од Палестина. Според локалните медиуми со своите постапки веројатно сакале да го привлечат вниманието на јавноста кон проблемот на бегалците. Грците стравуваат дека ако Европа одлучи да ги затвори своите граници, земјата ќе се претвори во камп за имигранти.