HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Мијалков два часа одговараше пред СЈО, од новинарите избега

Видео: Мијалков два часа одговараше пред СЈО, од новинарите избега

saso-mijalkov-sjo

По два часа поминати во просторите на Специјалното јавно обвинителство, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков си замина и ги избегна прашањата на новинарите. Медиумите буквално го имаа опколено излезот од СЈО, во исчекување да излезе Мијалков и да даде коментар или изјава по распитот во СЈО – пренесува НоваТВ.

Во придружба на партискиот адвокат на ВМРО-ДПМНЕ Никола Додeвски, Мијалков ја напушти зградата и ги одбегна новинарите кои тргнаа по него, поставувајќи му повеќе прашања на кои тој не одговори. Едно од прашањата беше дали се чувствува виновен случаите кои СЈО ги покрена против него, а Саше Политико во негов стил го праша: „Началниче, стигнавте ли до милијарда?

Мијалков за прв пат се појавува во СЈО, овој пат за да даде исказ за случајот „Тортура“ кој ова Обвинителство го покрена во врска со апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски, ден по изборите во 2011 година.

Освен Мијалков, кој е првоосомничен, во овој случај осомничени се и командантот на специјалната едниица Алфи, Ивица Антевски – Пуки и други припадници на оваа единица. Тие се товарат за нечовечко постапување и тортура при апсењето на Бошкоски. За ова кривично дело е предвидена затворска казна од една до пет години.

НОВА дознава дека џипот „БМВ“ со кој денеска пред СЈО пристигна Мијалков, е сопственост на МВР. Неофицијално, од извори во МВР, дознаваме дека тој освен возилото, од Министерството за внатрешни работи се уште има обезбедување бидејќи наводно постоеле проценки дека постојат опасности по неговата безбедност.

Погледнете го и видеото на Саше Политико.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com