Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Марш за слобода, крај за партиската држава

Видео: Марш за слобода, крај за партиската држава


Демонстрантите откако искажаа поддршка за СЈО и протестираа пред Собранието со марш пристигнаа до Владата на Република Македонија и за разлика од вчера попат не се соочија со никакви полициски барикади поставени пред клучните државни институции.

Маршот го одбележаа повици за слобода, крај на партиската држава, реформи и одговорност од корумпираните политичари кои сите треба да одговараат пред законот. Низ улиците се поставија неколку графити со пораки „Смрт за фашизмот, слобода на народот“.

Денешните протести се помасовни од вчера и на улиците излегоа илјадници граѓани без сериозен придонес од СДСМ од каде се уште не го извадиле членството на терен освен што дел од функционерите излегоа со поддршка за граѓанските иницијативи.

Автор: Христијан Станоевиќ

Репортер: Александар Драгановски