Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВидео: Lexus го претстави ховербордот – нов предизвик за скејтерите

Видео: Lexus го претстави ховербордот – нов предизвик за скејтерите

Lexus го претстави видеото од нивниот функционален ховерборд коj изгледа вистински неверојатно. Компанијата објави видео во кое скејтери имаат можност да бидат во контакт со необичниот скејтборд и да го тестираат во специјалниот скејт парк во Шпанија, кој е создаден за него.

Тој се движи на неколку сантиметри над земјата, така што користи магнетна левитација (лебдење). За добра работа на магнетите, важно е тие да не прегреат, па ладење им се обезбедува од течен азот. Потребна е и посебна површина за скејобордот да се движи. Уникатниот скејт парк се протега на 200 метри, а е направен со перманентни магнети, што им овозможува на суперспорводниците во ховербордот да ја држат даската над тлото.

Засега овој ховербордот нема да се продава барем не во блиска иднина, бидејќи неговата цена ќе е доста висока, а и има само едно место (за сега) каде што може да се вози.