Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнВидео: Кула во Манчестер не престанува да „вреска“ – жителите полудуваат

Видео: Кула во Манчестер не престанува да „вреска“ – жителите полудуваат

Кога архитект ќе направи грешка од каприц или од убедување дека неговата смисла за дизајн е најдобра, тогаш страда целото население. Таков проблем имаат жителите во центарот на Манчестер бидејќи Битам кулата, која е една од поновите, при посилни ветрови произведува неверојатно иритантни хорор звуци.

Проблемот е во дизајнерското решение на архитектот Ијан Сипмсон кој на врвот на кулата поставил метална мрежна конструкција и поради неа се создаваат неподносливите звуци слично како во дистпоските научно-фантастични филмови. За да биде иронијата уште поголема Симпсон живее на самиот врв на Битам кулата и без оглед што вети дека проблемот ќе биде решен уште во 2012-та година, звуците се уште се присутни и да ги тормозат жителите.