Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Крвав навивачки ден во Ирак – терористите нападнаа навивачи на Реал Мадрид

Видео: Крвав навивачки ден во Ирак – терористите нападнаа навивачи на Реал Мадрид

Крвав навивачки ден. Вкупно 16 навивачи на Реал Мадрид од Ирак се убиени, а 20 повредени при напад на припадници од Исламската држава на фан-клуб во местото Самара, 125 километри од Багдад. Според светските медиуми, група на терористи со калашникови влегла во просторијата каде што биле приврзаниците на Реал Мадрид и почнале да пукаат.

Иако ниту една организација уште нема преземано одговорност за нападот се смета дека за ова се одговорни од Исламската држава. „Членовите на Исламската држава не го сакаат фудбалот и сметаат дека тој е против традицијата на муслиманите. Тие често прават вакви атентати. Ова е само уште една ужасна трагедија“, коментира претседателот на фан-клубот.