Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Крис Ејнџел спаси магионичар од сигурна смрт

Видео: Крис Ејнџел спаси магионичар од сигурна смрт

Искусниот магионичар Крис Ејнџел му го спаси животот на Спенсер Хорсман за време на генералната проба на снимање на трик. Хорсман бил врзан и требало да се ослободи од базенот полн со вода, но трикот не одел според планираното. Крис Ејнџел брзо интервенирал и ја скршил бравата на базенот на време пред Хорсман да се удави.

Снимањето на овој трик е дел од нивното ново шоу „The Supernaturalists“ каде Крис Ејнџел ќе предводи 9 нови илузионисти во создавање на неверојатни трикови. Премиерата поради инцидентот е одложена, но многумина се сомневаат дека не станува збор за несреќа, туку за добро смислен маркетиншки трик за кревање на рејтингот, па проценете сами.