Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Крава ноќ во Москва, убиен киднапер кој држеше 6 заложници во банка

Видео: Крава ноќ во Москва, убиен киднапер кој држеше 6 заложници во банка

Вистинска драма во центарот на Москва. Вооружено лице упадна во банка и држеше шест заложници. Според руските медиуми, заложниците биле четворица клиенти и двајца вработени на банката, а киднаперот упаднал во канцелариите и побарал да му се исплатат пари. Руските специјални сили го блокирале квартот и преговарале со киднаперот, но безуспешно. По некое време, припадниците на специјалната руска полиција го застрелале вооружениот разбојник, а сите заложници останале неповредени.