Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Крали Марко остана без копито

Видео: Крали Марко остана без копито

Крали Марко остана без копито. Утрово во Прилеп при поставувањето на споменикот на „Крали Марко“ на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“, падна дел од споменикот. Работниците што го монтирале споменикот, на лице место, се обиделе да ја санираат штетата со дополнително заварување на оштетениот дел.
krali marko kopitoПрилепчани сега стравуваат дека новиот споменик на крал Марко, ќе претставува опасност за минувачите на плоштадот, со оглед на тоа што штетатата е во основата на споменикот. Прилепскиот портал „10без10“ веќе информираше и за прилепскиот адвокат Жарко Стевановски кој докажува дека во случајот на овој споменик, повеќе пати биле прекршени законите.