HomeРЕФЛЕКТОРФилмВидео: Кој ја уби Југославија?

Видео: Кој ја уби Југославија?

Кој ја уби Југославија е прашање кое има многу одговори. Зависи кого прашувате. Адемир Гогиќ дава уметнички приказ за смртта на оваа федерација преку краткометражен филм кој дефинитивно заслужува внимание.

– Фотографијата и филмот се мои голема страст. Покрај таа љубов дојдов до идеја да пратам порака на сите млади од овие простори да гледа напред во иднината и да го искористиме целиот интелект за да изградиме подобро утре, вели Гогиќ за хрватски „Индекс“.

Според неговите зборови, девојката во филмот ја претставува Југаславија, собира шест ружи кои ги претставуваа шесте републики и ги обединува во еден букет. Шестсте војници претставуваат шест фактори кои, според мислењето на Гогиќ, ја убиле Југославија.

Во филмот играат: Ерна Ахметспахиќ, Бенџамин Крехо, Алдин Чамджиќ, Тарик Чамджиќ, Фехо Зекиќ, Фарук Гојачиќ, Јасмин Мазаловиќ, Дарис Омербашиќ, Адиха Селимбашиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com