Thursday, Dec 14, 2017
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Кога професионални фудбалерки ќе те направат резил

Видео: Кога професионални фудбалерки ќе те направат резил

За женскиот фудбал се уште има голем број на стереотипи дека тоа не е вистински спорт, дека секој би можел да одигра против нив, дека позабавно би било да ги гледаме ако имале потесни и покуси дресови. Тоа им дојде преку глава на MaxMan.tv кои смислија одличен „пренк“ каде самоуверени мажи мислеа дека лесно ќе си поигруваат со девојки во фудбал, но не беа свесни што ги очекува.

Девојките во видеото Raquel Benetti и Alice Fougeray се професионални фристајл фудбалерки и нивните вештини со топката се беспрекорни. За да биде ефектот поголем маскирани се како внука и баба и момците мислеа дека добро ќе се пошегуваат, па погледнете и самите и можеби токму ова видео ќе ви послужи за пример.