HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамВидео: Кинески хакери го преземаа управувањето со „Tesla Model S“

Видео: Кинески хакери го преземаа управувањето со „Tesla Model S“

Електрониката и не се покажа така безбедна. Специјалисти за безбедност од кинеската компанија „Keen Security Lab“ објавија видео во кое е прикажано како можат да контролираат далечински различни системи на електричниот автомобил „Tesla Model S“.

Поврзувајќи се преку Wi-Fi кон компјутерскиот систем на автомобилот, кинеските генијалци успеваат да го преземат управувањето на електричниот автомобил, дури и кога машината е во движење, а тие се наоѓаат на растојание од околу 20 километри од неа. Хакерите можат да ја отвораат вратата без клуч, да управуваат со светлата, ретровизорите и сопирачките, да ја контролираат положбата на седиштето и слично

„Tesla“ експресно реагираше и направи обнова на софтверот за својот електромобил. „Keen Security Lab“, од своја страна, ги повикува во видео клип корисницити на „Model S“ да го инсталираат обновувањето, пред да продолжат да ги користат своите автомобили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com