Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВидео: Како волците го сменија еко системот

Видео: Како волците го сменија еко системот

После околу 70 години отсуство од националниот парк Јелоустоун во Вајоминг, САД, волците повторно ја превземаат „одговорноста“ да го вратат еко системот во нормала. Поради нивното долго одсуство, Јелостоун станува пренаселен од елени кои тотално ја уништуваат вегетацијата иако човекот со организиран лов се обидуваше да ја намали нивната бројност.

Одкако волците повторно го населија Јелоустоун не само што бројот на елени е намален туку и вегетацијата започнува екстремно брзо да се регенерира. Волците ги истребуваат којотите што прави зајчиња и други глодари да се појавуваат, дрвјата се регенерираат и во период од 6 години се појавуваат дабари кои со своите брани овозможуваат простор за многу повеќе живот.

Финалниот продукт на волците е што благодарение на регенерацијата на вегетацијата реките ги стабилизираат своите корита и ги полнат базените околу нив. Волците менуваат река…