HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВидео: Како изгледаше дочекот на првиот крузер во Тунис по масакрот од 2015 година

Видео: Како изгледаше дочекот на првиот крузер во Тунис по масакрот од 2015 година

Германскиот крузер МС Европа вплови во пристаништето Ла Гулет на 6 октомври со 310 патници. Бродот го дочекале традиционални танчари, додека воениот оркестар удирал на тапани и свирел на труби со цел да го прослави овој настан. По симнувањето од крузерот, патниците биле закитени со цветни огрлици кои им ги подариле локалните продавачи и туристичките водичи. Нивото на обезбедување било исклучително високо, но општото расположение на домаќините и гостите и покрај тоа било одлично.

„Голема работа е за мене што можам пак да ја отворам својата продавница. Топло ми е околу срцето кога гледам дека животот повторно се враќа во селото“ – изјавил 39-годишниот Хаиф Даргур за АФП. „Оваа атмосфера прави чуда за моето расположение. Работа немаше никаде, моите камили гладуваа“, додал Салах Иса, трговец со камили кој со таа работа се занимава од својата 12-та година.

Габриела, туристка од Берлин, рекла дека воопшто не се плаши да го посети Тунис и покрај предупредувањата на британското Министерство за надворешни работи. Патниците во Тунис отседнале еден ден, а потоа го продолжиле патувањето.

Во март 2015 година, припадници на Исламската држава убија 21 лице во музејот „Бардо“ во Тунис. Повеќето настрадани посетители беа европски туристи. Три месеци подоцна, во јуни, вооружени напаѓачи убија најмалку 38 луѓе и ранија повеќе лица во нападот на комплексот и плажата на хотелот „Империјал мархаба“ во туристичкиот центар Сус.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com